Имиџот на власта поважен од потребите на граѓаните

Пред светот богато, а дома штедете.  Владата веројатно размислува по онаа народната „ што ќе мислат другите “ кога се расфрла со народни пари.

Додека пензионерите се на улица,  вработени во АД железници не можат да си ја земат одработената плата, се соочуваат со притисоци и добиваат суспензии, граѓаните кратат на храна за да платат сметки, Владата троши огромни суми пари за настани кои треба да изгледаат убаво.

Со месеци  се калкулира како да најде пари во Буџетот за повисоки плати што  го крева револтот кај вработените од сите сектори кои се подготуваат за протести и штрајкови, ама веднаш се наоѓаат пари за да се пофалат со помпензи настани .

Па така за имиџот пред ОБСЕ ќе потрошиме 5 милиони евра за состанокот во Скопје.

70 министри ни доаѓаат , дајте ве молам да не ја брукаме државата , ова е лов на вештерки, рече Бујар Османи на 30.08

Најголем дел од парите ќе ги добие Еуровиа, контроврезната фирма донатор на ДУИ. На нејзината сметка ќе завршат 1.8 милиони евра за шминкање и разубавување на спортскиот центар Бприс Трајковски. И не се само тие пари. Веќе од јануари, за пиарот за министерскиот совет на ОБСЕ на Рејтинг се платиле 120 илјади евра. Од актуелните кампањи за кои се трошат народни пари, е онаа „Ние сме Европа“ која чини 81 илјади евра и која всушност се претвори во партиска кампања на власта.     

Колку е растрошна власта покажуваат и журките по повод годишнината од Рамковниот договор за која потрошивме речиси 100 илјади евра, или на пример за годишната конференција насловена „ Година на нови можности“, која не чинеше 168 илјади евра “. Два дена, премиерот, министри , заменици министри, директори, академици , советници и експерти учествувале на четири панел дискусии. Трошоците за фалбите на владините функционери се чуваа речиси три месеци во тајност.

Плаќаме скапо и за работи кои не се ни започнати да се изведуваат . За коридорите 8 и 10 д , досега плативме аванси од 117 милиони евра, а на терен имаме една ископана дупка – ниту работник, ниту метар асвалт од историскиот проект како што го нарекува власта.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста