Илјадници работници се потребни во хотелите и рестораните во охридско, младите „не мрдаат“ за под 500 евра

Во услови на недостаток од  кадар, ова лето хотелско –угостителските објекти ќе се потпрат на деца од 16 годишна возраст и на студенти кои ќе покажат волја да работат сезонски. Над 30 хотели од охридско-струшката ривиера пријавиле недостаток на персонал, нема келнери, кувари,помошен технички персонал, нема нити кој да ги прими гостите бидејќи нема нити рецепционери.Дека ситуацијата е повеќеод очајна говори фактот што еден од големите хотели на ривиерата бара 70 сезонски работници,а генерално хотелите имаат потреба од илјадници вработувања. Младите кои сеуште не заминале надвор, не мрднуваат за плата помала од 500 евра.

  • АНКЕТА : 1.Би сакала да одам Хрватска да работам, бидејќи таму се подобри условите за работа отколку овде и поплатено е.Која е прифатлива сума за која ти би прифатила да остнеш тука?Па околу 500 евра  месечно ; 2. Младите се повеќе се мамат заради платата, а потоа и заради подобрите услови.Во градот за жал платата се движи на таа минимална сума, затоа сакам да видам дали има добри услови за работа во градов па потоа странство  ; 3. Би сакал да имам свои примања, да не зависам од родители, да одбирам јас на што ќе ги трошам парите, коментираат граѓаните.

Хотелиерите ги прашавме дали се подготвени по примерот на Хрватска да им дадат плата од 500 евра на децата кои килаво и без искуство ќе работат,бидејќи како што и самите признаваат немаат друг избор?

  • Во овој момент сеуште тоа не е возможно, не сме моќни како држава тоа да го направиме. Реалноста е таа, а ќе ја гледаме јас мислам и наредната година ќе биде уште полоша од оваа година.Мораме како држава и како општество да се грижиме за  сите оние кои бараат работа да им дадеме услови какви што треба за да останат тука”-истакнува хотелиерот Никола Божиноски.

Во овој момент е тешко да се најде персонал бидејќи цели фамилии замина во европските земји, велат добро уаптените.

  • “Години е ова,потфрлува образовниот систем, потфрлува бизнис секторот, потфрлува државата, значи голема летаргичноста од сите страни.Никој тоа не сака да го поттикне како прашање да се самоорганизираме”-вели проектниот менаџер Наум Димитриски.

Вработените во угостителскиот сектор се соочуваа со ниски плати, неисплатени часови прекувремена работа, нивниот труд не се вреднуваше-сето тоа не доведе во ваква безизлезна ситуација-велат нашите соговорници.

Росица Голабоска 

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста