Изет Меџити со подобар рејтинг од Артан Груби

Рејтингот на фракционерите на ДУИ вртоглаво расте, а лидерот на интегративците си пее. Според најновата анкета споведена од Алсат, во првите топ 3 лполитичари од албанскиот блок се наоѓа и неформалниот предводник на незадоволната група од паартијата од Мала Речица. Најголема доверба ужива Али Ахмети, зад него е Арбен Таравари, а на трето место е Изет Меџити. Меџити зад себе ги остава Билал Касами и Африм Гаши. Помошниците на првиот човек на ДУИ не се најдоа на оваа листа.

Анкета со проценти

Али Ахмети (48,9%)

Арбен Таравари (46%)

Изет Меџити (43,5%

Сепак Груби не остана изостанат во анкетата, нивните имиња се најдоа на листата на политичари од албанскиот корпус кои уживаат најмала доверба или пак политичар со негативно мисење кај народните избраници односно дури 60 проценти се изјазиле негативно за првиот вицепремиер.

Во однос на случувањата во ДУИ и војната меѓу фракционерите и вицепремиерот Артан Груби со актуелните министри, Меџити се издвојува како најсоодветен претендент за иден политички лидер. 21,4 отсто од испитаниците сметаат дека тој може да биде лидер, а Муса Џафери, Невзат Бејта и Висар Ганиу имаат мала поддршка, односно под 10 отсто.

И покрај поразителните резултати од анкетата, Артан Груби, пак на Фејсбук објави видео на кое заеднички пеат Али Ахмети, и пејачот Илир Шаќири.

Расколот во ДУИ и понатаму се продлабочува, едните прават масовни собири, другите митинзи, последен во низата е собирот на граѓани кој е во Чаир, кој беше помпезно најавуван по социјалните мрежи од поддржувачите на Груби. Додека Груби огганизира мининзи, не мируваат ниту пак фракционерите кои секојдневно прават масовни собири со се побројните незадоволни гласачи на ДУИ.

Паула Костадиноска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста