„Извршителите се богатат на грбот на сиромашните“

„Извршителите се богатат на грбот на сиромашните“

Извршителите не го почитуваат законот за облигациони односи, кој се однесува на застарување на долговите и корекција на казнената камата, а судиите ги заштитуваат и не ја спроведуваат правдата. Граѓански активисти обвинуваат за судско извршителска спрега, поради што, огромен број граѓани и натаму исплаќаат долгови, некои и по две децении, иако роковоите за застареност им се изминати.

  • „Трет месец не се почитува од страна на извршителите кои се поставуваат над системот. Добивме писмо од министерот за правда и владата, во кое пишува дека судот одлучува, иако законот е концизен и во него стои дека извршителот е тој кој што треба да го запре извршувањето“ – Порача граѓанскиот активист, Ана Глигорова.

Оттаму додаваат оти се сомневаат во организиран криминал во правосудниот систем, бидејќи за ист закон, различни судии носат целосно спротивни и контрадикторни пресуди. Прашуваат, ако судовите не можат да поделат правда, дали треба граѓаните тоа да почнат да го прават?

  • „Донесен закон, со сите нишани, потпишан од претседател, излезен во службен весник, некои судии го признаваат. Замислете, аплеација носи одлука дека не се надлежни да судат. Луѓе, ова станува навистина страшно. Ако судот во државава не е надлежен да суди, тогаш, дали испраќаат порака дека граѓаните треба да ја земат правдата во свои раце и да судат“ – Истакна Маријан Ристески од КСОМ.

Тие порачаа оти не наоѓаат на слух и правда кај надлежните, па поради тоа, ќе се жалат во амбасадите. Со список од 50тина имиња на судии кои суделе спротивно на човековите и граѓанските права, оттаму се заложија да поднесат иницијатива за посебни одредби во кривичниот законот, за одговорност на судиите од списокот.

Никола Цветкоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста

COMMENTS

Wordpress (0)
Disqus ( )