Земјоделски прогнози: Ќе нема овошје и зеленчук заради климатските промени и обилните дождови

Климатските промени негативно влијаат врз македонското земјоделство алармираат земјоделците. Ако продолжат обилните врнежи од дожд и студеното време ќе нема ниту овошје ниту зеленчук.А уште помалку мед, вино и млеко. Пчеларите се жалат дека климатските промени си го земаат својот данок. Велат дека оваа година количините на медот може да бидат минимални, а тоа ќе предизвика и покачување на цената.

Ако потрае вакво време медот и и другите челни производи може да станат луксуз. Навистина не паметам, јас пчелар работам 40 години ваква несудна година не сум видел.Пред 20 години мај беше врнежлив меѓутоа не беше ладен месец.Сега се случи април да биде врнежлив, мај исто така па и јуни. Но не само врнежливо туку и ладно време тоа се одрази на самата вегетација– рече Перо Дабески, пчелар.

Лошите временски услови се одразуваат и на сточарството.  Цените на млекото и млечните производи во маркетите стануваат недостижни, а откупната цена на млекото од производителите стагнира, велат сточарите.

“Климатските промени на секого влијаат.Со растот на цените ние мораме да се прилагодиме ние како фарма да не биде многу скапо и да не биде многу ефтино.Не е лесно, турбуленциите се константни.” – велат сточарите.

И лозарите се разочарани. Некои од нив ќе неможат да скинат ниту еден квалитетен грозд оваа година ако продолжат обилните дождови.

“Многу дожд и болести има на лозовите насади.Не можеме да работиме…и да прскаме навреме.Цените на грозјето се многу ниски се надеваме дека оваа година ќе бидат повисоки” велат лозарите.

Експертите ценат дека заради екстремните временски појави оваа година, штетите ќе бидат неизбежни.

“Македонија е земја која е позната по земјоделството и многу е важно да се работи и на климатските промени.И држават треба да се бори за изнаоѓање решенија за борба против климатските промени.Односно адаптација за да обезбедиме производи во кои сме познати” – вели Искра Стојанова – проектен координатор на ОН за животна средина.

Предвидувањата се дека до 2050 година температурата во Македонија просечно ќе се зголеми за 1,9 степени, а во летните месеци за 2,5 степени, додека количината на врнежи годишно ќе се намали за пет отсто, а во летните месеци и до 17 отсто.Најранлива локација според овие анализи, ќе биде Повардарието каде што се произведува грозјето, а ќе биде критично и во струмичкиот и гевгелискиот регион но и за производството на доматите, а во Скопско-кумановската долина и Овчеполието загрозено може да биде производството на зимската пченица.

Ања Лукарова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста