Здрав да влезеш, болен да излезеш – македонското здравство го проби дното

Скандал по скандал во здравството – одговрност нема. Првиот човек на ресорот здравство крева раменици за сите случаи и не презема ништо конкретно. Помина речиси еден месец од смртта на 6 годишната Јана, случајот и натаму останува со многу сомнежи и се уште без разврска. Родителите ја чекаат вистината и бараат правда, но обдукцискиот извештај не е готов.

Последните денови Битола живее во „атмосфера на линч“. Жестоко се бара одговорност од лекарите и од сите здравствени работници што беа вклучени во породувањето на младата битолчанка која остана без своето новороденче. И за овој случај обвинителствтото го чека извештајот од обдукцијата а Комисијата за стручен надзор се уште не се изјаснила дали биле почитувани протоколите согласно медицината базирана на докази. Министерот Меџити повторно без конкретен одговор, до каде се случаите.

Младата жена која остана без своето провороденче јавно ја сподели голготата низ која поминала обвинувајќи за непрофесионалност, ривалство и дрско однесување на доктори.

Единствено за кој има некаква одговнорност е последниот скандал кој изби во тетовската болница.Анестезиологот кој пренесуваше во живо на ТИК-ТОК прегледи и активности на пацинети и вработени во болницата заработи притвор, отказ од работа и одземање на лиценцата седум години.

“Значи во рамките на законот, тој ќе биде седум години без лиценца, додека заврши судската процедура, а кога ќе заврши, може и доживотно да остане без неа” – вели Меџити.

Поминаа два месеци од смртта на жената која почина во прилепската болница. Се уште нема релевантен извештај од која бактерија почина.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста