Квадрат станбен простор во Скопје како во Солун на море или во европски Загреб – Кога државата ќе го заузда ценовното лудило?!

Цената за стамбениот квадрат Скопје го стигна Солун на море, европски Загреб, па и соседен Белград. Нема стан во главниот град под 1.200 евра за квадратен метар. Во скопски Аеродром во зависност од локацијата, цена по квадрат надминува 1.500 евра, во Крапош 1.700, а во Центар околу 2.000 за квадрат. Градежниците очекуваат државата конечно да го заузда ценовното лудило за квадрат станбен простор, бидејќи цените на градежниот материјал на светските пазари , изминатите месеци, се во постојан пад.

  • Инвеститорите на објектите од година в година го зголемуваат профитот, што квадрат стан не смее да изнесува над 800 евра, а не како сега за над 1.600 евра за метар квадратен, како што тоа сега се случува. Точно е дека репроматеријалите беа зголемени поради војната во Укранина, но сега тие цени се сега пандати, од една страна за нив, а од дурга страна ние да плаќаме од 1.600 до 2.000 евра за квадрат, што за нас како граѓани тоа е мислам дека е бесмислено, вели за Алфа, Иван Пешевски од Сојузот на синдикати на Македонија.

Пешевски е оптимист дека ќе следи период на пад на цените на становите, иако никогаш кавадратот во Скопје нема да се продава по цени како некогаш.

Капак на се, е и недостатокот на градежни работници кои ги има се помалку. Онаму каде што ги има, добар дел од газдите ги држат не пријавени, за да можат полесно да манипулираат со работниците, но и со Законот за градежни работи.

  • Има доста работници што работат на црно, има доста работници кои работат не пријавени, но има и доста работници кои што работат за дневница, но и неосигурани работници, што е многу лошо. Свесно, или не, оваа држава ги избрка градежните работници. За само една година имам помалку градежни работници 12.622 во секторот градежништво, додава Пешевски за Алфа.

Драстично поскапување на становите изминатиот период немаше само во Скопје, туку во сите градови во земјава. Цените и на новите и на старите станови се нереални и надувани, сметаат дел од градежниците. Тоа што сè уште се одржуваат и понатаму растат, според нив, најверојатно е резултат на побарувачката.

Од агенциите за недвижности велат дека побарувачката за станови во земјава и особено во главниот град засега нема никакви знаци на стивнување, ниту, пак, има какви било изгледи за намалување на цената на становите.

Според одбренијата за градба, само годинава најмногу станови ќе се градат во Карпош, над 500, во Аеродром над 250, а најмалку во Центар околу 100. Слична е и бројката на нови станови во Кавадарци, Дојран, Охрид, Струга.

Инаку, само во февруари годинава, издадени се близу 200 одобренија за изградба на стамбени единици на целата територија на Македонија, и тоа во вредност од 100,4 милиони евра.

Борис Грујоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста