За три дена предадени речиси 6.000 парчиња оружје во Србија

Безмалку 6.000 парчиња нелегално оружје се предадени на српското Министерство за внатрешни работи во првите три дена од кампањата која започна на 8 мај. Покрај оружјето предадени се и 290 илјади парчиња муниција, како и 468 минско-експлозивни средства.

„МВР ги повикува граѓаните до 8 јуни да го предадат нерегистрираното оружје и експлозивните направи во најблиската полициска станица или да да ги повикаат полициските службеници да дојдат на посочена адреса и да го преземат“, стои во објавата.

Според проценките околу половина милион луѓе во Србија нелегално поседуваат оружје. До 8-ми јуни ќе можат без санкции да го предадат нерегистрираното оружје, за тоа ниту ќе одговараат, ниту ќе мора да го докажуваат потеклото. Ваквата кампања уследи по двете масовни убиства што се случија во белградското основно училиште и во селата кај Младеновац и Смедерево.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста