Јас сум вистинската Анета Петровска: Исповед на жената чиј идентитет се злоупотребува на социјалните мрежи за собирање лични податоци за брзи кредити

-Јас сум Анета Петровска. Онаа вистинската Анета Петровска, а не таа што се претствува на сите социјални мрежи, што праќа моја лична карта.

…..Не знам што да кажам, веќе ми трепери душата, снагата. Не е убаво. На нашата мака некој си игра играчки. Затоа што сите ние имаме проблеми и бараме донации.

Анета Петровска во игра на судбината во јануари годинава дознала дека некој ги злоупотребува нејзините податоци и лична карта и наведува други луѓе да ги споделат нивните.  Измамникот потоа подгнува брз кредит во нивно име без да знаат.

-Мојата колешка ми се јави и ми кажа дека и ја пратиле мојата лична карта со друга личност и таа да прати исто така лична карта за да и донираат средства на нивното болно детенце со церебрална парализа. Кога ја пратила личната карта тие ја зачувале во нивниот телефон и аплицирале да земат брз кредит. А затоа што таа веќе таму имала аплицирано тие веќе го имале нејзиниот број, па тие не можеле да остават друг телефонски број , па нејзе три пати и стигнал код за верификација за да потврди за кредит, објаснува таа.

Петровска претпоставува дека некој се осмелил да ја украде и фотографира нејзината лична карта од двете страни и да ја врати во чантата. И во нејзино име изманикот зел брз  кредит во висина од 162 000 денари.

-Јас не го плаќам сега. Затоа што  тие не оставиле сметка. И парите ги дале на онлајн продавница. Клиентот кажува што сака да купи бела техника. Сите податоци што треба ги дава и на тој основ и тие и дале кредит од 144 000 со камата треба да се вратат 162 854 денари. Јас реално сум многу разочарана. Тие не провериле дека јас имам кредит и дека јас немам право да земам повеќе. Тоа треба да се расчепка и да се среди. Не е убаво луѓето да ги заглавуваат. Мене ме заглавиле на невидено. И сега не знам што ќе ме чека понатаму, вели таа.

Петровска пријавила во полиција и чека да се реши случајот. Во меѓувреме апелира:

-Сите луѓе што ќе го гледаат ова да не праќаат нивни податоци, ниту лична карта ниту пасош. Ништо. Само жиро сметка. Ако некој сака да донира ќе донира на жиро сметка или ќе се јави на броевите за донација.

Анастасија Илиевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста