Етнички Албанец нападна самосвестен Бугарин, Софија повторно се обидува да исконструира случај

Вчерашниот инцидент во кој што беше физички нападнат претседателот на струшкото бугарско здружение “Шемето ”, Бекир Кадриески,нема елементи на кривично дело-брифираат за Алфа органите на прогонот.За министерот за внатрешни Спасоски,случајот е расчистен, а напаѓачот приведен.

Иако Спасоски тврди дека е приведен,педесет годишниот жител на село Велешта кој го нападнал Кадриески ,синоќа сам се пријавил во полициската станица во Струга.Дознаваме дека напаѓачот со иницијали А.Н. кој по националност е албанец и Кадриески кој е од струшкото село Лабуништа добро се познавале, а нивните меѓусебни недоразбирања кулминирале после расправии во едно казино во Струга. Двајцата подолго време имале нерасчистени односи поврзани со парични долгови. Тој во својот исказ во полиција тврдел дека не само што во нити еден момент на Кадриески не му се обратил со зборовите “валкан бугарин”,туку како што рекол, неговата етничка припадност не ме засега и нема причина зошто да се расправам за неговиот бугарски идентитет.

 Портпаролот на СВР Охрид,Стефан Димоски вели дека со лицето А.Н. е обавен службен разговор синоќа во 21 часот. За разговорот е известен и јавен обвинител и по документирање на случајот ОВР Струга ќе поднесе соодветен поднесок.

Од македонското МНР  апелираат на воздржаност од предвремени квалификации се до целосно расчистување на случајот.

  •  Овој настан не смее да фрла сенка врз институционалните напори за негување на правата и интересите на помалите заедници, вклучително и напорите за уставно-правно загарантирани права за нив, меѓу нив и бугарската заедница.Ја повикуваме јавноста и политичките субјекти од соседна Бугарија да им овозможат на институциите на државата да ги расчистат околностите на настанот и соодветно процесуираат, согласно законската регулатива” велат од МНР.

Од бугарското министерство за надворешни работи пак,проверуват дали претседателот на бугарскиот клуб бил нападнат од омраза.Во моментов се расчистуваат фактите околу случајот и дали е резултат на кривично дело од омраза- се наведува во соопштението на бугарското МНР.

Инаку Кардиески утрово е пуштен од струшката општа болница во добра здравствена состојба. На неговиот фејсбук профил меѓудругото,намерно или не- некој прикачил и фотографија на која се Кадриески и секретарот на згаснатото бугарско здружение Цар Борис трети, Христијан Пендиков.

Росица Голабоска 

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста