За ВМРО-ДПМНЕ следната пролет е идеален термин за одржување на предвремени парламентарни избори

Предвремени избори напролет – по објавувањето вчерашните резлутати од истражувањето на ИРИ , кое покажа дека граѓаните се помалку веруваат во актуелната владејачка партија и сметаат дека државата се движи во погрешна насока, Мицкоски порача дека предвремени  избори мора да има, а  следната пролет е идеален термин.

Првиот возможен термин кога треба да се случат тие избори, не би зборел за конкретни дати. Оваа пролет е одличен период за да се одржат тие превремени парламентарни избори. Колку подолго остане оваа влада СДСМ-ДУИ, толку повеќе губи Македонија и толку помалку ќе нѐ има во Македонија“, кажа Мицкоски.

И при резулатите дека дури 58 отсто од испитаниците  не веруваат во правецот во кој се движи државата , Премиерот не го менува ставот дека нема да има реконструкција на Владата, а избори претседателски , па парламентарни според Ковачевски ќе има во 2024. Според Мицкоски, Ковачевски не е тој што одлучува туку Али Ахмети.

„Ковачевски не одлучува, туку ДУИ. Али Ахмети е свесен дека нема да биде во подобра позиција од сега. Најсреќни се ДУИ сега. И вториот фактор се парите кои се делат во четири очи“, рече Мицкоски

Најновата анкета покажа пад на довербата кон актуелната владејачка партија. Во споредба со ноември минатата година, довербата во СДСМ е опадната за 5 проценти, а 1 процент во ВМРО- ДПМНЕ.  Доколку би се одржале, според извештајот 19 проценти од испитаниците би гласале за ВМРО- ДПМНЕ, а 11 за СДСМ.

Кристина Алексиеска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста