Ердоган води во претседателската трка во која ќе има втор круг

Реџеп Таип Ердоган има водство по првиот круг од претседателските избори во турција, но, сепак, ќе мора да ја потврди победата на 28 мај, кога ќе се соочи со кандидатот на здружената опозиција Кемал Киличдароглу.

Ердоган освои 49,5 отсто од гласовите, додека неговиот главен противкандидат киличдарогу 44,89 отсто од гласовите, што беше доволно за двајцата да се пласираат во вториот круг што ќе се одржи за две недели.  За победа во првиот круг беше потребно да се надмине прагот од 50%. И двајцата ривали најавија победа во вториот круг.

„Ќе ги добиеме овие избори во вториот круг. Ердоган и неговата партија не ги добија резултатите кои ги очекуваа. Желбата за промена во општеството е поголема од 50%“, изјави Киличдароглу, кој ако победи, најави враќање на демократијата во земјата.

Ердоган им се обрати на своите поддржувачи од терасата на седиштето на партијата за правда и развој. Иако сè уште ги немаме конечните резултати, ние сме во големо водство. нашата нација ја донесе својата одлука“, изјави Ердоган.

Паралелно со претседателските, се одржаа и парламентарните избори. партијата „АКП“ освои најмногу гласови – 35%. Иако се очекува да изгуби 28 пратенички места, ќе има мнозинство во парламентот во коалиција со уште три партии.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста