Дури и претседателот Стево Пендаровски има забелешки за дел од решението од Париз

Речиси цела интелектуална и политичка јавност е против Францускиот предлог, и сметаат дека владата треба веднаш да го отфрли. По низата критики од експертите, дури и претседателот Стево Пендаровски има забелешки за дел од решението од Париз. Тој прво го советуваше Ковачевски воопшто да не оди во Брисел, а потоа критикуваше дека предлогот не смее да предвидува чепкање во историјата како услов за прогрес кон Европската унија, посебно не ревизија на македонската историја, a не се согласува и најклучниот проблем – билатералните прашања да влезат во преговарачката рамка.

Јасна е намерата, сакаат да се вратат на нивната срамна стара теза, невтемелена ни во науката ни во фактите од историјата, дека овде по 1945 година, е направена системска дебугаризација,  и од највисоко политичко ниво, такви небулози изјави, над 50 000 луѓе биле интернирани, и 10тици илјади. Во Мак има 25 000 загинати, меѓу кои над 7000 и Евреи. Овие тврдат дека по 45та сме биле повеќе Бугари, што е геноцид од невидени размери и ниедна историја тоа не го регистрира – изјави претседателот Стево Пендаровски.

Барањето Бугарите да влезат во Уставот како државотворен народ, и тоа во нормативниот дел, за Пендаровски е неосновано. Македонија претходно предложи, отворање на Уставот  дури откако ќе започнат преговорите со ЕУ, но тоа беше неприфатливо за Бугарија.

Новинар: Зошто во Македонија не помина? Затоа што нешто мора да дадете ако имате бетониран македонски јазик. Новинар: Значи, ние го даваме Уставот, тие го даваат јазикот, односно тие го даваат нашиот јазик? Еве нешто за Уставот. Тие би сакале, кога ќе дојде на наш дневен ред, тие би сакале да не бидат спомнати само во преамбулата, туку во целиот нормативен дел, тоа е невозможно. Во нормативниот дел ни Албанците ги нема, никој со име и презиме не е споменат, зошто другите да не се спомнати, зошто би правеле исклучок? – прашува Пендаровски.

Ако Бугарите бидат внесени во Уставот, како народ кој имал заложби за самостојна и суверена држава, со ова бугарската улога би била ослободителна, а не фашистичка. Токму ова е еден од проблемите кои ги гледа интелектуалната фела во Францускиот предлог. Експертите стравуваат од уште многу нови понижувања и предавства. Директорката на Институтот за комуникациски студии предупреди дека Македонија ќе го заборави фашистичкото минато на бугарската држава, а идните генерации ќе учат дека Македонците постојат само од 1945та година. Според историчарот Митко Панов пак, дефинитивно се заканува ревизија на македонската национална историја, со што ќе  „бугаризира“ македонскиот народ.

Адријана Алексиеска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста