Договорите со Бугарија и со Грција дел од преговарачката рамка

Со игра на зборови, францускиот предлог не е ништо ново од она што како ултиматум го бара Бугарија. Билатералните протоколи за кои власта потврди дека се усогласени со Софија стануваат годишни прегледи, но тоа не ја менува суштината дека сите заклучоци и од средбите на двете влади и состаноците на историската комисија се дел предлогот. Во новата верзија Протоколите не се споменуваат, но на нивно место се наведуваат „годишни прегледи и мерки за ефективна имплементација според Членот 12 од Договорот за добрососедство“.

Тоа практично значи дека еднаш годишно на меѓубвладин состанок Софија ќе проверува што сме сработиле, па ако биде задоволна од спроведувањето на Договорот за добрососесдство ќе даде виза за продолжение на пристапниот процес.И така секоја година , пред почетокот и на крајот на секое од отворените поглавја на патот конполноправно членство во Унијата.

Во однос на македонскиот јазик, формулацијата „македонски“ останува со можност Бугарија да реагира со унилатерална декларација. Според предлогот, во однос на преведувањето на актите на ЕУ на македонски јазик, Унијата ги зема предвид унитералните изјави на Бугарија и Македонија за македонскиот јазик.А тоа и дава право на Бугарија да го оспорува македонскиот јазик.

Acquis на ЕУ ги вклучува, меѓу другото, целите и принципите на кои Унијата е основана, како што е утврдено во Договорот за Европската унија. Како идна земја-членка, ние очекуваме да се придржувате до вредностите наведени во член 2 од Договорот за Европската унија, имено почитувањето на човековото достоинство, слободата, демократијата, еднаквоста, владеењето на правото и почитување на човековите права, вклучувајќи ги и правата на лицата кои припаѓаат на малцинствата…. Понатаму, пристапувањето во ЕУ подразбира навремено и ефективно спроведување на правото на ЕУ, како што е во моментот на пристапувањето. Под подобрена методологија за проширување, развој на доволно административни и судски капацитетот, како дел од основниот кластер, е клучен во исполнувањето на сите обврски кои произлегуваат од членството. Во однос на преводите на аки-то, однсоно терминот кој ги предвидува сите документи на ЕУ на македонски јазик, ЕУ ги забележа соодветните еднострани декларации на Бугарија и Македонија на македонскиот јазик, стои во предлогот.

Француското претседателство со ЕУ поднесува и две предлог-изјави со кои ќе се означи стартот на преговорите. Првата Изјава се однесува само на првата Меѓувладина конференција, додека втората во неа ја содржи и Преговарачката рамка.

Сепак македонија и порај прифаќање на францускиот предлог нема веднаш да ги започне преговорите, тоа ќе се слуќи по одржување на втората Меѓувладина конференција, а услов за тоа, како и во претходниот предлог, е промена на Уставот за внесување на Бугарите во него. Новината е што покрај Договорот за добрососедство во предлогот на Макрон влегува и Преспанскиот договор, со кој Македонија го промени уставното име и се откажа од низа идентитетски обележја.

Ивана Соколовиќ Најдова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста