Директорот на ЕСМ вети дека струја ќе имаме, а новата цена не била висока

И покрај загриженоста кај македонскиот граѓанин кој стравува дали со минимална плата од 18.000 денари ќе може да го издржи новото поскапување на струјата,според првиот човек на ЕСМ, Ковачески во Македонија тече мед и млеко.Понудивме вели цена која нема да предизвика ценовен шок кај граѓаните, ќе има благо покачување на струјата во однос на флуктуирачката цена на берзата на електрична енергија. Како и лани,ќе ја надминеме и оваа криза.Ковачески уверува и дека не само што ќе има доволно струја, туку ќе го зголемеле произвотството на електрична енергија без да има било какви рестрикци.

Да ги прашате и опозицијата и професорите, како во услови од  едната страна кажуваат дека цената која што ја дава ЕСМ е многу ниска, и треба да биде повисока, а од друга страна пак викаат зголемувањето е високо, треба да биде пониско.Овде маѓионичар нема, нека се одлучат, или зголемувањето на цената на ЕСМ ќе биде големо, следствено на тоа и цената кај граѓаните голема, или овој принцип кој што го направивме на солидарност, дел од цената да покријат со мал процент 7,4% домаќинствата и малите потрошувачи,дел да покрие ЕСМ и дел да покрие Владата вели Васко Ковачески-АД.ЕСМ.

Како што има една вистина дека има само една Македонија, така има само една вистина дека цената на струјата ќе биде висока само за оние кои трошат многу-вели –директорот на Регулаторната комисија за Енергетика.

Дополнително слушам за некои субвенции што се давале, па по таа логика субвенциите што се даваат кај  земјиделците, значи цената за патлиџаните,за пиперките  не е реална ние да ја калкулираме дека е повисока од колку таа што одиме на пазар? вели Марко Бислимоски-Регулаторна комисија за Енергетика.

Сепак соседите стравуваат дека ова ќе виде тешка зима за целиот регион бидејќи цела Европа зависеше од рускиот гас.

Мислам дека она што не очекува е да, тешка зима меѓутоа најоптимистичката проценка е дека ќе биде една од најтешките во последните неколку децении рече Александар Николов-министер за енергетика на Бугарија

Никој не знае што му се мота низ глава на еден човек кој е одговорен за оваа ситуација рече Николов, алудирајќи на Путин,нореален проблем и во  ЕУ  е тоа што произвотството на електична енергија доаѓа од природниот гас.

Росица Голабоска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста