Дијабетичарите веќе четири месеци немаат ленти за мерење шеќер, недостига и инсулин

Над 44.000 дијабетичари повеќе од четири месеци се оставени без ленти, со кои пациентите ја следат состојбата на шеќерот во крвта. Нема ниту инсулин во болничките аптеки. Дијабетичарите се снаоѓаат како знаат и умеат за да го обезбедат лекот што живот им значи. Очајно прашуваат што ќе биде со овие неколку месеци, дали пациентите ќе добијат надокнада зошто државата ги оставила без ленти и глукомери?

“Инсулините и другата анти-дијабетна терапија што ја добиваат лицата со дијабетес на периоди ја снемуваше да не кажам, стана хронична работа ја има, ја нема па беше еден, па станаа два.Ние во старт кажавме дека се два затоа што тоа на терен ни го кажаа пацинетите” – вели за Алфа Димче Велев.

Од Здружението на дијабетичари велат дека ваквата состојба го загрозува здравјето на заболените од дијабетес и бараат државата да најде начин секој пациент навреме да ја прима терапијата.

“Ова што се случува со недостигот на инсулин се околу 5.000 луѓе.Што за нас и за мене лично и еден е многу.А не пет илјади” – изјави Велев.

Иако проблемот со недостигот на инсулин е одамна познат за здравствените власти, досега решение не најдоа.

Од Сојузот на здруженија на дијабетичари велат дека за секој дијабетичар на инсулинска терапија лентите за мерење гликемија се неопходни за да може квалитетно да се менаџира дијабетесот и да се избегнат сериозни компликации.

Според последните податоци во земјава од над 44 илјади дијабетичари, 600 се деца до 18 години.

Ања Лукарова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста