Директорката на ФЗО се крие од јавноста, а Ковачевски за сајбер нападот ја обвини војната во Русија и Украина

Директорката на Фондот за здравство Магдалена Филиповска Грашкоска повеќе од 10 дена ја нема за да и одговори на јавноста што се случува. Хакираниот систем и хаосот со исплати на плати, породилни отсуства, најавите за штрајкови и неисплатените рефундации како да не се доволни причини за директорката поради морална одговорност и функцијата која ја обавува да застане пред јавноста.

Откако граѓаните реагираа дека чекаат и по неколку денови за да подигнат лек од аптеките, од денеска конечно сите здравствени работници и аптеки можат да го проверат статусот на осигуреникот. За вицепремиерката кој е задолжена за политики и добро владеење Славица Грковска, малку биле две недели Филиповска Грашкоска да ги собере информациите и транспарентно да излезе на прес-конференција.

„Податоците и информациите се за јавноста, не за институциите,  но не секој успешѓно се справува во вакви ситуации“, рече Славица Грковска, вицепремиерката задолжена за политики и добро владеење.

Додека јавноста остана без одговор од директорката, премиерот Ковачевски  виновник за хакерскиот напад на македонскиот фонд за здравство, најде во Руско- Украинскиот конфликт.

„ Апсолутно се поврзани со војната што се води во Украина бидејќи пред тоа не постоеа. Второ, хибридната војна што се води и којашто вклучува сајбер напади, хакерски напади, дезинформации практично е нов начин на војување којшто досега не е виден. Тоа има неколку цели – прво, да направи блокада на клучнте витални ситеми во државите кои се членки на НАТО и на ЕУ, кои се западно определени“.. Второ, да внесе немир кај граѓаните бидејќи се напаѓаат системи коишто опслужувааат голем број на граѓани и трето, да направат еден систем на дезинформации што на крајот од денот оди во корист само на оние коишто не сакаат да го видат нашиот регион да биде дел од ЕУ или да биде дел од НАТО“, рече за државната новинаска агенција МИА, Димитар Ковачевски премиер на Македонија. Фондот тврди дека при сајбер нападот нема излевање на податоци, но засега нема официјален податок дали постои бекап и дали податоците воопшто може да се вратат. Центарот за опоравување од катастрофи на МВР ги чува податоците на Цeнтарот за управување со криви, Царина и Државниот завод за статистика, но не и на Фондот бидејќи тие не биле нивни корисници. За една деценија Фондот има потрошено околу 3 милиони евра од државниот буџет за информатички услуги.

Паула Костадиноска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста