Штрајкот во здравството се поизвесен

Ем без плата, ем под притисок. Перосналот на градската општа болница 8ми септември утре излегува на протест. Велат, им се поставуваат серија препреки за да не се оддржи протестот, а ги обвинувале и дека се воделе од други интереси, а не поради задоцнетата плата.

  • „На кој што протест фактички ние ќе го искажеме незадоволството поради неземан плата, која што требаше да 10ти овој месец, а веќе доцни 10тина дена, вклулувајќи го и утрешниот ден. Банките не прашуваат зошто доцни платата, имаме притисоци, треба да се платта кредити, треба да се платат други давачки.“ – Вели Претседател на независен синдикат на ГОБ-8ми септември, Рената Ѓаконовиќ.

А додека тие протестираат, нивните колеги во клиничкиот центар Мајка Тереза ќе чекаат директорката на фондот да си го исполни ветувањето. Плата најдоцна до крајот на работното време во понеделник. Доколку тоа не се случи и тие одат на протест.

  • „И ветивме на директорката на фондот Доколку до понедленик до крајот на рбаотно време не бидеме исплатени, во вторник ќе свикаме седница на извршен одбор и седница на совет и најверојатно ќе донесеме одлука за протест во среда, независно дали во вторник ќе бидат исплатени платите.“ – Вели претседателот на синдикатотот на клинички центар, Горан Бегович.

Оттаму велат дека доцнењето на платите е само еден од серијата предизвици со кои се соочува медицинскиот персонал и оти постои голем револт и мотив да се излезе на континуирани протести за да го искажат незадоволството.

  • „Ќе почне во среда, ќе биде во четврток и во петок. Доколку и понаката нема разбриање за состојбата на нашите вработени и дека треба да се исплати плата, сето тоа може да ја влоши состојбата и да доведе до еден општ штрајк. Нешто што ние не би го посакувале, но доколку работите излезат од контрола, тие простести најверојатно на крајот ќе завршат со штрајк. – Додава Бегович.

Засега се чека и на одлуката на сојузот на синдикати. Ќе заседаваат утре точно напладне и се очекува и тие да донесат одлука за штрајк, поради, како што велат, еден куп проблеми во здравството.

Премиерот Ковачевски вели дека го разбирал револтот. Тврди дека пари имало и оти се работело ситуацијата да биде надмината.

Инаку, здравствените работници земаат плата од ФЗОМ, чиј систем неодамна беше пробиен од хакерски напад и направи хаос во македонското здравство. Со предизвици се соочуваат матичните лекари, но и аптеките, кои добија инструкции да применуваат сложени хартиени процедури, кои може да траат и неколку дена, а за тоа време, граѓаните да чекаат за лек.

И додека се шпекулира што навистина се случило со информатичката инфраструктура на фондот, министерот за финансии, Бесими, вети дека здравствените работници ќе бидат исплатени од централниот трезор, за подоцна тој да се порамни од средствата на фондот за здравство.

Никола Цветкоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста