Дивоградбите ќе му пресудат на Уенско статусот на Охридското езеро

Како државата планира после 4 децении да го зачуваединственото Унеско подрачје, без да побара одговорност или санкции за самоволие,кои владее посебно на струшкото крајбрежје? За дивеењето и узурпацијата на струшкото крајбрежје никој не чувствува одговорност. Ситуацијата е хаотична посебно на потегот од Подмоље до Радожда каде се градат објекти на самиот брег, а струшкиот градоначалник Мерко никогаш не ја обелодени листата на дивогради трдејќи дека нема и покрај тоа што информацијата за постоењето на 65 дивоградби вдолж крајбрежјето ја добивме од неговата администрација. Тој го негираше и извештајот на Државниот завод за ревизија каде стои декаима постапки за легализација на бесправни објекти во крајбрежен појас, но и куќи. Граѓанските активисти укажуваат дека нелегалната урбанизација е една од најсериозните закани.

Тоа што јас би го потенцирал е хаотичната состоба на целиот систем и на општините и на Владата.Многу хаотично е на сите страни, јас би сакал како активист да гледам една добра воља од страна на надлежните за да ја чуваме и природата и Охридското езеро.Проблем е хаотичната состојба во урбанизацијата,значи мора да се среди, мора да има и крајбрежјето план.

Овие забелшки се однесуваат на двете соседни земји,бидејќи иако албанскиот дел од езерото,се стави под заштита на Унеско во воздух виси и штотуку добиениот статус на Албанија. Таму сериозен проблем се рудниците и изворите во Дрилон чија вода се влева во Охридското езеро.

На албанската страна мислам дека две најжешко точки се проблематиката на јаловините блиску со Охридското езеро и проблематиката на изворите на Дрилон за кои има проект со кој се инсистира да се направи интензивна туристичка зона ,во еден регион што е под статусот како заштитна зона.

Двете јаловини од некогашните рудници за феро никел, кои повеќе не работат, а се близу езерото се сериозна закана за Охридско, вели Мероли.За време на мониторинг мисијата во 2020 година Унеско ѝ порача на Албанија да се спаси од рудниците и да се осигура дека веќе нема да има ископување руда.Но според тврдењата на Мероли, кај еден од рудниците се работело,а некој профитирал искористувајќи ја јаловината за да се извлечат корисни метали, бизнис кој очиглдно е економски исплатлив.

Росица Голабоска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста