Децата во струшко учат онлајн, зашто надлежните чекаа да почне второто полугодие за да реновираат уилишта

Безмалку 1.000 ученици од струшкото основно училиште “Браќа Миладиновци ” и оние одподрачното училиште “Јосип Брзо Тито” во село Враништа, наставата во второто полугодие ја следат онлајн затоа што училишните згради се реновираат. Ова наиде на револт кај родителите, настрана од тоа што децата немаат учебници па како курири ги печатиме и разнесуваме матерјалите за да има од каде да учат децата дома, фалеше уште наставата да се одвива онлајн. Идеата да се реновираат старите училишни згради е за поздравување, но тоа треба да се прави во лето, кога децата се на распуст а не вака неплански сред учебна година.

“Браќа Миладиновци” е најголемото основно училиште во Струга каде децата  од 5-то до 9-то одделение наставата ја следат од дома. Родителите посочуваат и дека неколку пати во текот на оваа училишна година имало промени во распоредот и во начинот на кој што се одвива наставата за децата од помалите одделние од 1-во до 4-то кои посетуваат комбинирана настава.

Она што како родител го побарав вчера како информација е дали за овие активности е запознат министерот и дали има согласност од негова страна, немам сеуште одговор.Она што како родители не загрижува и ни создава проблем е тоа што ние треба нашите обрски да ги прилагодуваме кон расположението на училиштето и според нивните секојдневни менувања на распоредите.

Училишната зграда е преполна со градежни матерјали, родителите се скептични дека со ова темпо реновирањето ќе заврши брзо, затоа бараат провремено децата и наставниот кадар часовите да ги одржуваат  во други училишта каде што има слободни простории.

Ако трае вака како што траат работите нема да биде до крај на школската година.Мислам дека треба да се превземат мерки, има доста објекти празни каде што можат да се носат децата во “Мајски цвет “или школото “Јосип Брзо Тито “втора смена таму е празно.Треба да се најдат начини, да не ги оставаме децата вака како што е.

Директорката на”Браќа Миладиновци” Албана Жута ја прашавме дали ова е погоден момент за реновирање на училиштето? За тоа вели не одлучувам јас туку ресорното министерство и уверува дека градежните работи ќе завршеле за две недели.

Росица Голабоска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста