Мицкоски: Власта ги направи сите отстапки само на штета на Македонија само да ги зачува фотелјите

ВМРО-ДПМНЕ постојано предупредуваше дека Владата ги прифаќа сите условувања само за еден ден повеќе на власт.  Претседателот на партијата, Христијан Мицкоски вели токму поради тоа е вознемирен, бидејќи власта ги направи сите отстапки на штета на Македонија само да ги зачува фотелјите. Килавото однесување на владејачкото мнозинство според Мицкоски, е резултат на нивната огромна корумпираност и желбата да го заштитат криминалот и да можат ден повеќе да се богатат на грбот на народот.

  • Тоа е така затоа што кога едната страна попушта се, коленичи, ведне кичма, а другата страна практично добива сѐ, таа страна, во случајов Бугарија мисли дека природно право нејзино е да добие сѐ што ќе побара и на тоа предупредувавме изминатиот период дека тоа не треба да се случува, но за жал имаме политички аналфабети криминалци и корумпирани политичари коишто буквално за да ги задржат своите позиции и да можат уште некој тендер во четири очи да добијат се подготвени сѐ да проголтаат. Но, се разбира на товар на македнскиот народ, македонскиот идентитет и на македонските граѓани“, подвлече Мицкоски. 

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ го критикува  дека државниот врв, дека наместо да излезе и да даде одговори пред  граѓаните, кои ги плаќаат за тоа, тие се однесувале како аналитичари. Зошто претседателот Стево Пендаровски не кажа кои се тие странски фактори во Македонија,  кои се луѓето кои сакааат да ја дестабилизираат Македонија? – прашува Мицкоски. Тој ја обвини владата дека ја претворила политиката во  Македонија во театар и естрада, давајќи им значење на маргинални политичари кај источниот сосед.

  • „Прво почнаа со тезата ќе прогласувале персона нон грата, па потоа се повлекоа што чекаат да дојде 4 февруари па да се случат инциденти па тие луѓе да предизвикаат и провоцираат па од маргинални политичари, буквално естрадни политичари да претворија политички тешкаши сега со овие пинг понг изјави во јавноста, овој Џамбаски како се викаше овој европскиов политичар како му беше презимето од што не знае што да направи повеќе буквално како циркузант во естрада се однесува за да добие некој политички поен повеќе на темата мрази ги Македонците, навредувај ги Македонците, мрази ја Македонија итн. И што направија они со тоа, буквално ништо. Ете тоа е оној театар и естрада во која ја претвораат политиката во Македонија“ вели Мицкоски. 

Следната влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе има тешка задача, но и невозможна, да ги исправи сите грешки кои што оваа криминална и корумпирана влада на ДУИ поддржана од СДСМ ги направи. Затоа на Македонија што поскоро и е се потребни предвремени парламентарни избори да може народот гласно да зборува порача Мицкоски, повторувајќи дека е сигурен во победата на неговата партија.  СДСМ губи по еден пратеник и затоа колку побргу си заминат од власт помалку пеколен ќе биде нивниот крај дециден е Мицкоски.

Викторија Миткова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста