Давитковски: Етничка графа во извод од Матично е противзаконски

Кренар Лога се става над законот. Скандалозно носи упатство кое се коси со повисокиот правен акт. Универзитетскиот профеор Борче Давитковски обаснува – ниту еден министер не смее на овој начин да интервенира во законските решенија и дека документот со кој се налага впишување етничка припадност во изводите треба веднаш да биде повлечен.

  • Согласно законот за Матични книги таква графа не постои. Со подзаконски акт се врши операционализација  на законот. Тој може само да дополни за место на живеење на пример. Или пак за други ситници, но не може нови услови да предвидува, тоа е исклучиво против законите. Како министер не смее тоа. Ако оди на Уставен суд ќе му падне“ – вели Давитковски за Алфа.

Дополнително, според експертите, етничката припадност е индивудуално чувство и не може да биде бирократски одредена. Можеби има некој чиј родители се Албанци, а се чувствува како Македонец, или пак, има турско име и презиме а за себе смета дека е Албанец. Ова претставува флагрантно прекршување на основното човеково право за сомоопределување.

  • Тоа е лично право, јас денеска можам да бидам вонземјанин, може Американец да се проискажам. Доколку во законот  постои графа, тогаш добро, но бидејќи нема треба подитно да го повлече Упатството. Но, јас знам зошто се прави тоа, зошто има злоупотреба. Но треба еднаш ние во Македонија поради неколку граѓани да не ги почитуваме основните човекови права“ вели професорот Давитковски.

Од Министерството за правда, пак, тврдат дека графата за етничка припадност била воведена за да се спречат злоупотребите при вработувања во јавната администрација односно балансерот за правична застапеност.

  • Во графата „националност“ ќе стои Македонец/Македонка, Албанец/Албанка итн. и тоа е според Законот за матична евиденција, рече министерот за правда Лога.

Професорот Борче Давитковски вели дека за спречување на злоупотребите мора да се најде друго решение, а не да се изигруваат законите и да се нарушуваат основните права.

Административното утврдување па дури и наметнување на етничка припадност преку изводите предизвика лавина реакции и на социјалните мрежи.

  • Ова е чиста лудост! Јас ако сега се чувствувам Македонец, од утре може да се почувствувам Албанец и да побарам промена на националноста. А ако имам интерес за вработување, без мислење земам членска од ДУИ и се пишувам Албанец, бидејќи партиите и националната припадност кај нас се секако на продажба преку партиски тезги, оти и самите партии се бироа за вработување.“
  • Па ние имаме пример двајцата родители да се Македонци, ама нивниот потомок се декларира дека припаѓа на етничка група Земјани. Што во случај родителите да се од различни етнички групи. На пример Земјанин и Марсовец? Што ќе бидат децата? Како ќе се договорат? Или ќе создадеме нови етнички групи? Ајде да те видам реши ја равенкава со сите непознати?” Цела ноќ се обидував да ја решам. Решение не најдов. Само без сон останав“, се дел од коментарите на социјалните мрежи.

Спорното Упатство треба да стапи во сила по истекот на 8 дена од објавувањето во Службен весник за изводите на родените, а за останатите  поради финансиски импликации Упатството ќе започне да се применува од идната година.

Изводите ќе се издаваат како и досега, односно на македонски јазик или на јазикот кој го зборуваат 20 проценти од граѓаните.

Викторија Миткова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста