Вујче од Америка плати – ова е оправдувањето на Ковачевски за семејната екскурзија во Њујорк и Вашингтон

Вујко од Америка плаќа. Димитар Ковачевски кој работната посета на Соединетите Држави ја претвори во семејна ексурзија, сега се правда, децата биле кај вујко им додека тој со сопругата одел по приеми и настани.

Премиерот не одговори конкретно во кое својство биле синот и ќерката во Америка, каде спиеле, дали патувале со вип третман. Зад камерите се повика на вујко од Америја, а пред камерите не заборави да каже дека работната посета биле многу важна и успешна. За тоа кој платил, на му се дослушуваше.

Сепак, Ковачевски е дециден, за децата не се трошеле народни пари.

„Сопругата патува со покана и службено секогаш, така и за време на оваа посета. За децата никогаш не се платило од буџетот на Македонија“, вели Димитар Ковачевски, премиер на Македонија.

Семејството Ковачевски било на гости деновиве, но ниту премиерот, ниту од Владата не одговараат дали вујкото платил се – авионски карти, како била поделена сметката во хотелот ако за премиерот плаќа дражвата а за децата некој друг, дали имало и колку чинел вип третманот на аеродромите, дали било ангажирано дополнително обезбедување.

Втор ден како Алфа се обидува да добие конкретни одговори од и Владата, но попусто.

Портпаролот Мухамед Хоџа денеска се одважи и конечно крена на телефон. Ни кажа дека чекал да види што ќе изјави премиерот а потоа и тој ќе ни испрател офицјален одговор. Сепак, таков одговор не добивме.

Во Америка Ковачевски замина со цело семејство – сопругата, ќерката и синот, а лани во Рим и Ватикан на аудиенција кај папата ја поведе само ќерка си, тогаш се правдаше дека таа била дел од протоколот.

Паула Костадиноска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста