Врие од измами на социјалните мрежи, се повеќе луѓе плаќаат туѓи брзи кредити

Наивни граѓани плаќаат рати од туѓи подигнати брзи кредити. Само во изминатите петнесетина месеци, дури дванаесет лица од Источниот регион во полиција пријавиле дека плаќаат туѓи рати, односно станале корисници на брзи кредити, без да знаат. Измамите најчесто се случувааат на социјалните мрежи, каде на граѓаните им биле злоупотребени личните податоци од лични карти, трансакциски сметки или здравствени легитимации.

  „Многу лесно се вадат, а викат дека и друг може да го изваде ако ги земе твојте податоци. Многу имат заглавено така„објаснува анкетиран штипјанец.

Агрсивните кампањи што ги водат таканаречените „продавници за пари„ лесно ги придобиваат граѓаните кои тонат во долгови. Минатата недела реагираше и Народниот првобранител кои посочи дека граѓаните воопшто не се информирани и не знаат во што се впуштаат.  Позади рекламата, брза исплата и рати без камати, се кријат трошоци, кои би можеле да достигнат и до 50% од износот на кредитот. Едноставното он лајн одобрување на заеми е причина за многу од грѓаните свесно да заглават финансиски…

  „Имам познати, имат земено брзи кредити, се плаќаат и никако да го исчистат. Тоа е опасно, имат ненормално високи камати“, велат анкетираните штипјани.

И од штипската полиција алармираат граѓаните да не наседнуваат и особено да бидат внимателни на кого ги споделуваат податоците од личните документи. Доказ дека лесно може да се извади брз кредит е последниот случај во Виница, каде вработена во подрачната единица на ПИОМ на туѓо име успеала да подигне четири кредити, како и случајот со затвореници од штипскиот Затвор кои на име на охриѓанец зеле кредити во висина од 100.000 денари.

Александра Ристевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста