Внуката на Бранка Недељковиќ извлечена од под урнатините во Алепо

4-ипол годишната внука на семејството Недељковиќ е жива извлечена од под урнатините на сирискиот град Алепо. Бранка Недељковиќ која минатата недела пред камерата на Алфа раскажа за пеколот кој го минува нејзиното семејство во Сирија сега ја сподели оваа позитивна вест. Внуката е во болница, во шок соба.

  • „На телефон од Сирија ми се јави золвата и ми рече девојчето е добро, во болница е во шок соба“вели Бранка.

Откако Алфа ја објави приказната ниту една од македонските институции не ја контактирале за да и помогнат помладиот син, кој инаку е роден во Сирија, да го врати во Македонија, но затоа вели хумани граѓани кои ја слушнеле нејзината приказна и помогнале и финансиски и материјално.

  • „Ми донесоа машина за перење, ми дадоа пари, добри пари, знаете јас тука живеам под кирија, животот е скап, сметки за струја вода.. “вели Бранка.

До почетокот на војната, Бранка Недељковиќ, имала убав и мирен живот. Го запознала сопругот, Сириец, во 80-те во Скопје, кога тој бил овде како студент. Потоа заедно заминале за Алепо. Сето тоа се менува буквално преку ноќ, со почетокот на граѓанската војна.

Бранка сега е во скопски Бутел каде се грижи за постариот син кој е во инвалидска количка откако бил погоден од заскитан куршум во Алепо. Тој има и психички псоледици, трауми бидејќи пред негови очи неговиот татко, сопругот на Бранка, загинал во експлозија уште на почетокот на конфликтот.

Викторија Миткова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста