ВМРО ДПМНЕ алармира за спрега на Власта со бизнисите на Ахмети

ВМРО ДПМНЕ бара одговори од Власта за бизнисите на семејството Ахмети и предупредува дека Власта со години знаела за плановите за нивно ширење. Најголемата опозициска партија обелодени дека уште во 2018 е основана „Хелиос плант“ фирма во сопственост на синот на Али Ахмети, Шкумбин и неговите братучеди Бесиан и Дрин. Фирма чија основна дејност е производство на струја.
Две години подоцна велат, Зоран Заев како премиер и Крешник Бектеши како министер за економија ја најавуваат програмата на владата „Акција 21“, при што Заев најавува распишување на тендер за фотонапонска централа од 60 MW, инвестиција која самиот Заев ја најавува дека е во вредност од 35 милиони евра.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста