Судскиот совет под лупа на EУ – ова е блам за Македонија, коментираат експертите

Меѓународната заедница испраќа мисии во Македонија за да ни го оправат колабираниот систем, а Владата наместо да се срами, се фали со тоа.

И Ковачевски, но и Маричиќ ги поздравуваат најавите дека други држави ќе ни ги решаваат домашните проблеми.

Македонските институции се толку корумпирани и девалвирани, Владата не презема ништо, па пријателски земји почнаа да се нудат да ни помогнат да се оправиме, коментираат дел од аналитичарите.

Синиша Пекевски за Алфа вели дека ова што се случува е блам за државата, оти веќе на цел свет му е јасно дека кај нас ниту закони ниту правила се почитуваат.

Веќе не само на домашната јавност, туку и на странската јавност им е јасно дека во Македонија не владее правото и дека не функционираат законите и Уставот во Македонија и изнаоѓаат разни начини  како да и помогнат на Македонија да се справи со невладеење на правото и со корупцијата. Од друга страна тоа е блам за нашата држава и покажува дека ние апсолутно не сме спремни да тргнеме од точка А до точка Б, затоа што основното начело, односно владеење на правото не можеме да го испочитуваме. Не треба да се чудиме зошто испраќаат разни емисари или комисии со цел да ни помогнат, вели Синиша Пекевски – аналитичар.

Пекевски вели корупцијата и криминалот не се нова појава во македонското општество, но сега е достигнат врвот.

Ова состојба не е од сега, но е дојдено до таму да веќе не можат ни тие да го премолчат  дека во Македонија се случуваат токлу многу лоши процеси и толку голем степен на корупција, последните работи со Бехтел и Енка, судскиот совет, паѓање на разни пресуди, чување на предмети во фиока , покажува дека ни они не можат да затвораат очи, вели Синиша Пекевски – аналитичар.

По скандалите во Судскиот совет, евроамбасадорот Дејвид Гир најави дека ќе испратат оценска мисија која ќе ја проверува работата на оваа институција.

По ова премиерот рече дека ја поддржувал иницијтивата и дека не било прв пат ЕУ да ни нуди помош, иако досега никогаш не тоа не било на ваков начин и во ваков обем.

Неодамна и холандската амбасада откажа милионски  проект со највисокото судско тело поради скандалите кои ги предизвикаа дел од челновите на советот, односно не почитување на законските норми.

Инаку и претходно меѓународната ни испраќаше помош оти Владата не можеше сама да си ги реши проблемите во државата, пред нешто повеќе од половина година тим од Вашингтон беше испратен кај нас да бара корупција кај функционерите, откако неколку пати американската амбасадорка Агелер н корупцијата ја посочи како еден од главните проблеми во државата.

Во 2021 година токму американската ДЕА ловеше дрога по државата, уловени беше марихуана во вредност од 800 000,а уапсени беа началникот на прилепската полиција, и еден од возачите на семејството Заеви.

Мери Симоновска

https://youtu.be/DJ6AzfDZsVQ
КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста