Власта притиска за уставни измени, опозицијата вели дека и кај СДСМ и ДУИ нема едногласна поддршка

Власта го подготвува теренот додека странците не убедуваат повторно да го измениме Уставот за членство во Европската Унија. Ситно се брои пред формирање на работната група за изработка на амандмани за уставните измени. Министерот за правда, Кренар Лога, очекува и опозицијата се учествува со свои претставници. А кога веќе се отвара Уставот, Лога кој на функцијата дојде од Алијанса го промовира и нивниот список со барања – пред се бришење на формулацијата 20% и воведување Албански како втор службен јазик.

  • „Очекувам опозицијата да е дел од работната група, не само за уставните измени, туку и за Изборниот законик и сите други работни групи врзани со реформи, не само за правосудниот систем, туку и за други области, изјави Лога, изразувајќи уверување дека ВМРО-ДПМНЕ ќе се надмине себеси и ќе биде дел од ова, за како што рече, да не бидеме повторно десет години во изолација.“ – Изјави Министерот за правда, Кренер Лога.

Министерот Османи пак, во негов стил, продолжува со суптилните закани – ако не сме го сменеле Уставот не би било фер да бараме Албанија да остане заглавена со нас, тие ќе продолжеле напред а ние ќе сме останале сами.

  • „Мислам дека не е фер да се бара од Албанија дека ако, хипотетички, во ноември не ги постигнеме уставните измени, треба да запре и да не го продолжи процесот, процесот е индивидуален и се заснова на индивидуалната меритократија на државите.“ – – Предупреди Османи.

И додека власта најавува почнување на процедурата за отворање на највисокиот правен акт, од опозицијата велат дека и дел од пратениците на СДСМ и ДУИ не би поддржале уставни измени.

  • „Ковачевски нема мнозинство за уставни измени, се повеќе пратеници му откажуваат лојалност… Девет пратеници од СДСМ не подржуваат уставни измени… а 6 сметаат дека гласањето на уставните промени е најлошата работа која може да ја направат СДСМ“ – Се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Од ВМРО-ДПМНЕ уште пред прифаќањето на францускиот предлог беа децидни дека тој само ќе ја однесе државата во ќорсокак, дека овој параламентарен состав нема мандат да го менува Уставот и дека единствен излез од ваквата ситуација се предвремени избори.

Никола Цветкоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста