Власта „гази“ по собраниската Резолуција за македонските црвени линии

Ја заборави ли власта Резолуцијата изгласана во македонското Собрание во која беа испишани нашите црвени линии – безрезервно почитување на македонскиот историски, јазичен и културен идентитет. Резолуцијата беше усвоена со 95 гласа „за“, без „против“ и само 1 „воздржан“.

Ако за Пендаровски, Ковачевски и Османи сега францускиот текст е најдобрата варијанта за надминување на спорот и почнување на преговорите, пропаѓаат во вода сите обиди да се убеди јавноста дека владата застанува на страната на народот и заедно ќе се бори против бугаризацијата.

Токму народот зовре откако по објавувањето на текстот на предлогот на Макрон, јасно се виде дека власта е согласна да прифати пазар и со јазикот и историјата. Македонскиот државно политички врв не гледа ништо спорно во текстот кој и се сервираше на Македонија во последен момент.

Резолуцијата предвидува преговорите со Бугарија, да се водат на рамноправна основа; со почитување на меѓународното право; без никакво условување, од едната, или од другата страна; и со почитување на достоинството на македонскиот народ.. Предвидува  да се почитуваат сознанијата на македонската наука, околу – автохтоноста на македонскиот народ, и неговиот – историски, јазичен, и културен континуитет.. Да се уважуваат сознанијата, според кои, македонскиот јазик, и неговите дијалекти, имаат просторен, и временски континуитет.. Да се применуваат, позитивните, и општоприфатени – меѓународни конвенции, и декларации на обединетите нации, за правото на самоопределување, и да се почитува безусловно – слободно изразената волја на македонскиот народ, неговата етничка, и духовна посебност..

Лани, Заев и Ахмети и помалите коалициони партнери, ја поддржаа  Резолуцијата на ВМРО-ДПМНЕ, ама очигледно заборавија дека нивниот збор значеше дека се обврзани да постапуваат, според овие позиции..

Ивана Соколовиќ Најдова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста