Ветинг на правосудството – дали често споменуваниот процес е решение за ниската доверба кај граѓаните?

Бројни скандали и отсуството на одговорност во најголема мера придонесуваат за ниска доверба во правосудните интитуции. Реформи и ветинг на судството се најавува и спроведува со години, но речиси никакви резултати на повидок. Сите правни субјекти во државата јасно укажуваат дека само темелни реформи би ја смениле сликата во системот кој дели правда, но процесот на ветинг кој најчесто е користен од политичарите и не е така едноставен.

  • За жал кај нас, искуството покажа дека тоа споменување и повикување на ветинг од политичките елити или политичките субјекти најчесто доаѓа во време на предизборие или кога ќе се случат одредени скандали или ќе се појават наоди од јавно мислење кои што зборуваат за довербата во правосудството. Меѓутоа се заборава, дека самиот процес(ветинг) е особено комплексен и има свои позитивни страни, но и во самото спроведување постојат ризици“ вели Гоце Коцевски од „Млади правници“.

Токму затоа велат од Млади правници, бевме сведоци на расфрлање со ветувања кои практично не се возможни за спроведување.  

  • Пред 5-6 години се оперираше со терминот генерален реизбор. Генерален реизбор со постојниот систем не е возможен, затоа што кај нас судиите уживаат краен мандат и Уставот предвидува во кој случај тие можат да бидат разрешени од фунцкија. А клучно би било и прашањето кој би го спровел тоа?“ подвлекува Коцевски.

Истите прашања ги поставија и од Коалицијата „Сите за правично судење“, од каде беа децидни дека промените мора да започнат во моменталниот систем што ќе покаже дека сме спремни за потемелни реформи.

  • Она што отсуствува е одговорноста. Примерот кој крена многу прашина, со уверението од правусуден испит кој што е издадено без претходно да има лицето да ги има завршено студиите е многу индикативен пример“ вели Гоце Коцевски од Млади Правници.

Со промената и новиот министер Кренар Лога најави дека ќе бара систематско решение во правосудниот систем, ветување што се слуша од речиси секој нов министер.

  • ,, Во однос на злоупотребите со АКМИС , сега министерството ќе има свој инструмент да го контролира овој процес преку своите органи, колку предмети се во процесот и како се поделени и тоа што побарав за истото законско решение треба да важи и за процесот на избор на предмети во обвинителствата на земјата“, рече министерот за правда Кренар Лога.

И додека домашните само најавуваат, меѓународната заедница децидно ни укажува дека мора да се засукаат ракавите и да се почне со работа.

Викторија Миткова

Целиот разговор со Коцевски во продолжение:

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста