Бремени жени избркани од работа, ниски плати што доцнат, работниците се принудени да се иселат

Македонските газди се скржави и не ги исплаќаат платите на вработените, покажуваат тужбите на работниците пред судовите во земјава. Сопствениците на фирмите смислуваат стечаи и ликвидации само да не ги исплатат работниците, предупредуваат од Здружението „Гласен текстилец“.

За претседателката Кристина Ампева, за 1 мај властите и синдикатите парадираат, но како што вели на терен не преземаат ништо. Системот на УЈП се уште дозволува доцнење на плата, и исплата на плата под минималец, тврди таа.

„Проблематично е тоа што во еден месец имавме 3 бремени жени кои им е откажан договорот за вработување, а од друга страна имаме Министерство за труд и социјална политика кое смета дека тоа не  еприоритет да го направи во измени на закон,, туку приоритет е работното време на работниците за коридорите * и 10“, вели Кристина Ампева, претседателка на Здружението „Гласен текстилец“

Источна Македонија се соочува со голем број прекршени работнички права во текстилната индустрија, но адвокатот Донче Стаменков ги охрабрува граѓаните да тужат и да се борат за своите права, а исто така и предупредува да не потпишуваат бланко изјави при вработувањето.

„ Не често во приватниот сектор самите работодавачи во моментот на потпишување на договорите за работа ги тераат работниците да потпишуваат бланко изјави кои се незаконски и потоа тие бланко изјави ги користат за да ги одјавуваат работниците незаконски, апелирам никој да не потпишува бланко изјава, вели Донче Стаменков, адвокат од Штип

Градежници, работници од НИКОБ, текстилни работнички, но работници од јавниот сектор, се зголемува бројот на тужби против газдите од Македонија, а се повеќе народот се информира и се охрабрува да ја бара правдата пред судовите, покажува анализата на работнички права што ја направи правниот тим на ова здружение. Оттаму апелираат работниците да ги запазуваат законските рокови во остварувањето на своите работнички права.

Паула Костадиноска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста