Бејли: Ги разбирам фрустрациите, но патот кон ЕУ води преку уставните измени

Ги разбирам фрустрациите, но патот кон  ЕУ оди преку уставните измени, дециден е поранешниот американски амбасадор Џес Бејли. Тој во интервју за Гласот на Америка вели дека доколку државата сега не ги почне преговорите, не е јасно колку долго дополнително ќе биде одложено пристапувањето во ЕУ. Потсетува на искуствата со Преспанскиот договор, решение кое беше одложувано, но на крај се покажа како добро решение кое резултирало со интеграција на државата во нато структурите. 

„За жал, сега го имате ова бугарско вето за придвижување на процесот напред. има јасно решение изнесено таму. тоа решение не им се допаѓа на сите. но, мислам дека пет години отсега со спроведување на уставните измени, пет години во иднина, луѓето ќе увидат дека тоа е позитивен чекор за земјата“, вели Бејли.

Тој нагласи и дека САД би биле разочарани доколку на патот на пристапувањето, Македонија би се соочила со ново вето. Очекува темелен и легитимен преговарачки процес со покренување на низа реформи, особено во делот на правосудниот систем и владеењето на правото.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста