Димовски: Очекувавме дезинформации после лидерската средба, тоа е дело на СДСМ

Во денешното гостување во „За или против“ на Алфа ТВ, претседателот на Социјалистичката партија на Македонија, Љупчо Димовски, вели дека дезинформациите за опозициските ставови кои се проширија по лидерската средба биле очекувани.

За разните шпекулации оти опозцијата прифатила промена на уставот во замена за министерски позиции, тој вели дека се дело на „спин кујната“ на Бихачка.

  • „Тоа е резултат на „спин кујната“ на Бихачка. Не ме инзненадуваат овие работи, бидејќи кога станува збор за информации кои доаѓаат оттаму, тоа не се веродостојни информации.“ – Истакна Димовоски.

Тој смета дека на СДСМ и на премиерот Ковачевски не може да им се верува.

  • „Во СДСМ немам никаква доверба. Не верувам во зборот на Ковачевски. Тој својот збор не го почитува. Македонските граѓани можат да дојдат до вистината преку зборовите на опозицијата. Тоа го докажуваат и анкетите, кои покажуваат кому му веруваат избирачите.“ – Додаде Димоски.

Вели дека нема доверба во СДСМ и Ковачевски, бидејќи според него, таа партија е идеолошки изгубена и без национален компас.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста