Алфа помеѓу граѓаните: Како ќе врземе крај со крај?!

Паника, неизвесност вака може да се оцени пулсот на граѓаните откако веќе им е совршено јасно дека живеачката станува се поскапа а не гледаат излез

Не се сигурни дека ќе можат да издржат. Бараат промени во владејачките кормила со надеж дека тие ќе донесат понормално живеење.

Дел од граѓаните се плашат за младите, како ли идните генерации воопшто ќе можат да имаат пристоен живот.

Друг дел пак, следејќи ги инфлаторните движења секаде во светот не се изненадени, велат, како секаде, така и кај нас.

Има и такви кои со доза на хумор, сарказам и иронија се обидуваат да си го олеснат секојдневието.

Нашиот народ е научен на удари, сепак на крајот сите си велат „ќе го преживееме веројатно и ова“, и ова ќе помине…

Новинар: Никола Цветкоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста