Алфа ексклузивно: Македонец од Тел Авив со сведоштво за воениот хаос

Алфа ексклузивно: Македонец од Тел Авив со сведоштво за воениот хаос

5 часот наутро во Израел. Влегоа милитанти на Хамас. Силни сирени го разбудија и кренаа Тел Авив на нозе. Виктор Тасевски директно од плажите на најголемиот град во Израел сведочи за Алфа што се случува таму. Освен туристи по плажите, градот е празен, а полиција има на секој чекор, раскажува Виктор кој неколку години живее и работи таму.

Виктор Тасевски 4 години е на привремена работа во ресторан на плажите на Тел Авив. Според неговото искуство таму, ова е најсериозен напад што досега се случил. Тој стравува за состојбата, иако лично се чувствува безбедно бидејќи како што вели Израел е најорганизираната земја што ја посетил и е земја за пример.

Тасевски вели дека Арапите и Израелците во најголемиот град навистина имаат соживот. За него лошо е тоа што во нареден период се ќе биде затворено и нема да може да продолжи со работа. Се слушнал и со македонскиот амбасадор во Израел и со останатите Македонци кои се таму.

Од она што го знае Тасевски, во Израел живеат и работат околу 300 Македоци, а тој лично се поснава со околу дваесетинна од нив.. Сите што ги познава се добри и не се во загрозените делови на земјата. Македонското Министерство за надворешни работи упати апел до македонските граѓани кои се во Израел да ги слушаат препораките на тамошните власти. Според последнитае информации седуммина се наоѓаат во Витлеем, кој засега важи за безбедна локација бидејќи воените дејствија се на друг крај од државата.
Паула Костадиноска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста

COMMENTS

Wordpress (0)
Disqus ( )