Алкалоид објави врвни резултати во работењето

Зголемена продажба, зголемен извоз, нови ивестиции, нови вработувања. Фармацевстката компанија „Алкалоид“, обелодени – врвни резултати во работењето. Од стартот на годинава, билансот гласи:  70,5 милиони евра – консолидирани продажби, раст на извозот – од 28 проценти, инвестиции – од 5,6 милиони евра  и 47 – нови вработувања. Податоците за продажбата, покажуваат – благ пораст на домашен терен, а дури – две третини од вкупниот обем, се реализирани, на странските пазари. Доминантно продажбата се одвива на пазарите во Европа. Единечната – нето довивка која ја остварила компанијата, изнесува 5,7 милиони евра и е зголемена за 19 проценти. Консолидираната добивка е поголема или  7,1 милиони евра што е зголемување за 22 %. Во моментот групацијата „Алкалоид“, има 2.678 вработени од кои 639, во подружниците во странство.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста