Абази и Спасовски си ја префрлаат топката кој да отвори истрага за надзорот на изградбата Коридор 8 и 10

Во држава нема надлежна институција да открие дали постои корупција во надзорот на изградбата на автопатите. Шефот на организиран криминал Абази и министерот Спасовски си ја префрлаат топката кој е надлежен да отвори истрага. Јавниот обвинител вели дека полицијата е надлежна да пријави, а Спасовски, пак, потенцира дека тоа е работа на обвинителството.

Според Законот за кривична постапка, обвнителството е тоа што отвара истрага, вели  Оливер Спасовски, министер на МВР.

Освен тоа што двајцата се на иста линија и сметаат дека засега не постојат индиции на сторени кривични дела, Ислам Абази посочува дека обвинителството гони сторители, а за нивно откривање се надлежни други институции.

Напоменуваме дека обвинителството е орган во чија надлежност е прогонот на сторителите на кривичните дела, додека надлежни за откривање на истите се други институции. Во оваа насока сакаме да ви укажеме дека инструментот по допрен глас, како еден од трите инструменти врз основа на кои обвинителството може да отвори постапка, се користи во исклучителни случаи, односно кога доказите за постоење на кривично дело се очигледни, а претходно нема соодветна реакција од институциите во чија надлежност е откривање на кривичните дела, велат од Основното јавно обвинителство за организиран криминал.

За разлика од Абази и Спасовски, премиерот смета дека институциите треба да си ја вршат својата работа.

Сите докомуенти се јавно достапни, Антикорупциска веже отвори предмет, се е јавно и тарнспарентно дури и ЈП за државни патишта веќе ги објави документие и постапката, вели премиерот Димитар Ковачевски.

Повеќе  од две недели земјава ја тресе наводна корупција за надзор на изградба на автопати за кои се одвоени вртоглави 22 милиони од државната каса. Иако власта уверуваше дека надзорот ќе го вршат странски реномирани фирми, сепак порталот З60 обелодени дека станува збор за македонски фирми, од која едната шиела долна облека, а другата се поврзува со лице кое е барано со меѓународна потерница во Ерменија. Хонорарите за надзорот чинат 300 илјади евра по лице, а повеќето од нив се со македонско потекло. Првично власта рече дека изградбата же чини 1 милијарда и 300 евра, за потоа да се испостави дека во таа сума воопшто не е предвидена ниту еспропријацијата која што дрпрва треба да следи.

Паула Костадиноска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста