Наќе Георгиев проба да го изигра системот, па пoднесе оставка за да го смести синот

Нов скандал во Судскиот совет. Кирил Георгиев стана судија, а татко му, Наќе Георгиев си поднесе оставка од Судкиот совет.  Претходно, тој со политички маневар, се обиде да си го зачува столчето во Советот, па ја одложи заклетвата во Собрание, за да може синот да биде избран за судија.

Но, откако членовите му појасни ја дека тој веќе е член на Советот и одложувањето на заклетва е само официјален чин, тој си поднесе оставка.

Законот за судови строго забранува блиски роднини на членовите на судскиот совет да бидат избрани за судии во нивниот мандат.

Судиите Ивица Николовски, Мери Радевска и Весна Дамева, неофицијално, ги убедиле новоизбраниот член на Судскиот совет Наке Георгиев и неговите поддржувачи во Советот, дека мора да си даде оставка од функцијата, ако сака неговиот син, да биде избран за судија.

Неколку дена овие тројца членови предупредувале дека ако помине ваква егзибиција, Советот врши кривично дело.

Наке Георгиев се кандидираше за член на Судскиот совет како единствен кандидат од Врховен суд, а поддржувачите од Советот, му ја запреа постапката за разрешување.

За истата работа за која беше претставката, тројца апелациони судии од Штип беа разрешени, а тој се спаси.

Тој пред нецели две недели беше избран за нов член на Судскиот совет од редот на врхвните судии само со 6 гласа, од кои едниот беше негов. Другите врховни судии или не излегоа на изборот пред две недели, или го испочкртаа гласачкото ливче со само еден кандидат, Наке Георгиев.

Паула Костадиноска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста