Промоција на „Последниот ден на Мисирков“ на Јордан Плевнеш

По повод 120-годишнината од формирањето на „Македонското научно-литературно другарство” во 1902 година во Санкт Петербург, издавачката куќа „У Никитских ворот” од Москва ја објави драмата на македонскиот автор со меѓународно реноме, Јордан Плевнеш, наречена, „Последниот ден на Мисирков“.

Книгата е со предговор на претседателот на Македонската академија на науките и уметностите Љупчо Коцарев, каде денес се одржа посебна научна конференција, со цел одбележување на 120 години современа македонска научна мисла.

„Јас пред неколку дена дознав дека МАНУ ќе има ваков собир, на ваша иницијатива. Пред 15тина дена, издавачката куќа Никитских ворот кажа дека ќе ја објави книгата токкму на 28ми октомври. Значи, ништо не беше случајно во чинот на совпаѓање на датумите, а се всушност беше абслоутно случајно“ – вели Јордан Плевнеш, автор на драмата „Последниот ден на Мисирков“.

Воедно, во книгата е објавен и опсежен поговор на академик Георги Старделов, под наслов „Дефиниција за Македонија”, во кого е направена филозофско-поетска трансферзала за значењето на Мисирков во балкански, европски и светски контекст.

Преводот на руски јазик е на Олга Панкина, која во последните три децении има објавено бројни преводи на македонската литература. Таа ќе jа презентира книгата во Русиjа во рамки на Театарскиот фестивал во „Долгопрудни“, а посебна промоција ќе биде одржана на 4 ноември 2022 година во Друштвото на писателите на Македонија.

Никола Цветкоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста