Заев:Институциите да го проверат имотот на судиите и обвинителите

Од партиска трибина премиерот и лидер на СДСМ Заев од антикорупциската комисија, УЈП, МВР и другите надлежни институции побара да го испитаат потеклото на имотот на судиите и обвинителите и нивните семејства. А од судскиот совет побара да ја провери нивната работа. Според него потребно е судство кое одлучува, а не застарува предмети. Пред симпатизерите и членовите од целата држава кои во Скопје дојдоа со автобуси, Заев се пофали дека како што кажаа оваа влада ја намалила невработеноста, ги покачила платите, донела голем број странски инвестиции.

“Да ни кажат кој тоа влијаел на судиите. Кој тоа ги држи предметите во фиоки. Да ни каже зошто неколку десетици предмети се чувале завршени и останале во фиоките на поранешниот преетседател на Врховниот Суд. Ја повикувам и Европската Комисија да го стартува веднаш процесот на мониторинг на судски случаи од висок профил,” рече Заев.

За министерката за одбрана Шекеринска и партиска потпретседателка историски успех е тоа што Македонија е пред портите на НАТО.

“Кога пре ддесет дена за прв пат го видов нашето знаме во Лондон во центарот на светот во тој момент како седи спроти знамињата на НАТО и САД а спроти знамето на Велика Британија јас верував дека немаше граѓанин кој тоа не го погледна со солза во око”, рече Шекеринска.

Градоначаллникот на Скопје Петре Шилегов најави почеток на изградбат на универзална сала од следната година, еколошки автобуси. Рече дека депонијата Дрисла се враќа под капа на градот ,а против загадувањето на воздухот биле преземени 28 мерки.

Градимир Марковски

https://www.youtube.com/watch?v=_BBBSo6fRN4&feature=youtu.be

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста