Вработените во “Еурокомпозит”, повторно заборавени од државата

Шеесетината вработени во загубарот „Еурокомпозит“, веќе петти месец, откако беа испуштени на принуден одмор, тотатлно заборавани од државата. Досега, ниту некој ги контактирал, ниту пак, зеле некаков надоместок, а започнале и кражбите на скапи делови од машини во Фабриката која пак, е без струја и ја обезбедува Полицијата.

Велат, во вода им паднале и обидите за обнова на Договорот со МВР за производство на панцири, како нивна последна надеж за самостојно, колку-толку да си ја реанимираат Компанијата.

Во меѓувреме испраќале и неколку дописи до вице-премиерката Мила Царовска, меѓутоа досега, освен префрлање на топката меѓу владините функционери, не добиле никаков одговор.

Александра Ристевска

Поврзани вести