Мицкоски бара експертски закон за јавно обвинителство, Заев во потрага по 80 пратеници, ќе се распушти ли Собранието на 12 Февруари?!

Распуштање на Собранието на 12 Февруари и експертско решение за Законот за јавното обвинителство, бара лидерот на опозицијата Мицкоски.Секое пролонгирање како што рече ќе значи нова сериозна политичка криза. Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ќе достават предлог овој парламентарен состав да работи уште една недела. Сиљановска, Камбовски, Тупанчевски, Калајџиев, Каракамишева и Лажетиќ – Бужаровска, според Мицкоски треба да го изготват законот за јавно обвинителство. Ја повика и власта да предложи правни експерти. Го обвини Заев  дека бега од избори и одговорност.

“Тој има два начини да ја постигне оваа цел. Првиот е еднострано носење на закон за јавно обвинителство со кое ќе воспостави целосна и зголемена контрола врз обвинителството. За да по поразот одбегне одговорност за сите сомнежи за сторен криминал и корупција. И откако стана свесен на носењето на овој лош закон по забелешките на ВМРО-ДПМНЕ но и бројните забелешки на експертската јавност дека удира во ѕид, сега оди кон вториот начин, а тоа бегство од избори за да има бегство од одговорност”, изјави Мицкоски.

За неговиот преддлог одговор стигна од министерството за правда. Предлог законот за кој сега се преговара бил составен од домашни и странски експерти. Ги повикаа од ВМРО-ДПМНЕ да достават амандмани.

Идејата за нов експертски предлоог е неприфатлива и за Заев иако се уште нема обезбедено двотретинско мнозинство. Добиле амандмани од албанскиот блок и независните пратеници од ВМРО-ДПМНЕ. Вели дека изборите нема да се одложат, но убеден е дека парламентот може да се распушти неколку дена подоцна.

“Нема да дозволам пратеничката група која го има мнозинството да стисне распуштање на собранието без да гласа за законотг за јавното обвинителство. Треба да го изгласаме законот за јавно обвинителство. Тој може да биде изгласан со консензус, со 80 пратеници и повеќе, може и да не помине”, изјави Заев.

Техничкиот премиер Спасовски апелира да се изнајде консензус.

“Јас очекувам дека нема да се случи одложување на изборите затоа што ќе надвладее разумот дека националните интереси се поважни од било какви лични интереси и дека секој од нас како политичари и пратениците ќе сфати дека носењето на законските решенија е влог во нашата иднина”, изјави Спасовски.

Можно е Законот за јавно обвинителство деновиве да биде пуштен во собраниска процедура и без поддршка од ВМРО-ДПМНЕ доколку власта се осигура дека има поддршка од 80 пратеници.

 

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста