ВМРО-ДПМНЕ со нови детали за скандалот со поранешниот градоначалник на Гази Баба

ВМРО-ДПМНЕ продолжува со објавување скандали за предходната локална власт на Сојал-демократите. Обелоденија дека градоначалникот на Гази Баба во претходните четири години, Борис Георгиевски, иако веќе имал постоечки договори, склучил нов на 17 август минатата година за реконструкција на улично осветлување со лед светилки и софтвер за истиот, тежок 1.7 милиони евра.

  • Најинтересната работа е што во член на договорот кој е јавно достапен на сајтот за јавни набавки, стои 20% од сумата на овие пари за кои е склучен договорот, авансно да се исплати во првата недела, по што општината на 3 пати во првите 10 дена исплатиле 21 милион денари или околу 340.000 евра на оваа фирма ЕЛМОНД ЕЛЕКТРО. Ова се наши информации кои што добри познавачи на овие работи ни ги укажаа. Во овој период кога се активирал овој договор и кога станал активен, се уште имало постоечки договори за осветлување, односно два договори за реконструкција на улично осветлување на два реони во Гази Баба и еден за изградба на нови линии рече Арсовски.

Арсовски вчера презентираше два други договори во висина од 11 милиони денари кои општината ги исплатила за два реона за улично осветлување. Според партијата со толку склучени договори и исплатени пари скопска Гази Баба требало да биде најосветлена општина. Според партијата ова се долволно сомежи надлежните институции да истражат што се крие зад договорите на Георгиевски. Тој вчера се огради дека тврдењата на опозицијата лаги и невистини и побара извинување. Од надлежните институции засега молк и без најава дека некој и нешто ќе се истражува по тврдењата и обелоденување на скандалозните информации од страна на ВМРО-ДПМНЕ.

Викторија Миткова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста