ВМРО-ДПМНЕ со најсилниот тим на изборите, врвот на партијата го презема товарот на себе

ВМРО-ДПМНЕ со најсилниот тим на изборите, врвот на партијата го презема товарот на себе

Изборот на носителите на пратенички листи покажува дека ВМРО-ДПМНЕ е подготвена да преземе голема одговорност да ја врати Македонија на нормалната европска патека, по она што власта го стори минативе седум години.. Познавачите  сметаат дека одлуката носители да бидат партискиот лидер Христијан Мицкоски, двајцата потпретседатели Александар Николоски и Владо Мисајловски, генералниот секретар Ѓоргија Сајкоски и двајца од редот на најактивните пратеници во Собранието, Дафина Стојаноска и Драган Ковачки, покажуваат самоувереност на ВМРО-ДПМНЕ во голема победа на изборите.

Според поранешниот пратеник и новинар Сафет Бишевац, нивната работа по осми мај нема да биде воопшто лесна, па поради тоа очекувано е што се избрани најударните кадри кои ги има партијата.

“Одговорноста на ВМРО-ДПМНЕ е огромна, ќе ја има таа историска шанса, но тоа истовремено ќе значи многу работа, многу пот, многу знаење, избор на вистински кадри. А носителите на листите на ВМРО-ДПМНЕ покажуваат дека работава е тргната во тој правец. Како тоа ќе заврши останува да се види, но сум убеден дека ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски знаат што треба во овој момент да се направи” вели Бишевац.

Според Бишевац јасно е дека ВМРО-ДПМНЕ по осми мај ќе ја преземе власта, бидејќи дури 65 проценти од граѓаните барале промена на актуелната владејачка структура предводена од СДСМ и ДУИ.

“Одговорноста која ВМРО-ДПМНЕ ќе ја преземе подразбира и шанса и огромна можност за враќање на оваа држава на нормален пат, со тоа што ќе ги постави темелите на една нормална, европска Македонија, но исто така ќе треба да значи по мене и избор на она најквалитетното што го има ВМРО-ДПМНЕ, која секако го има тој потенцијал” изјави Сафет Бишевац.

Доказ дека ситуацијата кај власта е многу далеку од сјајна е и тоа што седум коалициони партнери на СДСМ, во предизборието преминуваат во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ. Тоа се Социјалдемократската унија, Обединетата партија за целосна еманципација на Ромите, Македонски концепт, Демократскиот сојуз, Обединети за Македонија, ТМРО, Достоинство. Пратеникот Антонио Милошоски посочи дкеа се очекува одлуката на уште еден довчерашен коалиционен партнер на СДСМ да премине во коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ. Инаку, партијата на Мицкоски во текот на утрешниот ден ќе ја промовира програмата и планот за водење на државата, со која ќе ја бараат поддршката од македонските граѓани.

Ања Лукарова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста