ВМРО-ДПМНЕ: Ако 913 новозаразени и 24 починати во едно деноноќие не се причина за оставка на Филипче, тогаш тој е опериран од одговорност

Македонија со Филипче и Заев бележи црни рекорди. Последните биланси се 913 новозаразени и 24 мртви. Дури Филипче смислува хумористични видеа за социјални мрежи, 24 семејства изгубија свои блиски. Ако ова не е причина Филипче да поднесе оставка, тогаш значи човекот е опериран од одговорност, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата истакнуваат дека Македонија има најголема смртност во регионот и пошироко.

-Веројатно сме единствена земја во светот во која донирани тестови министерството за здравство им ги продава на граѓаните. Во Македонија здравството Филипче го колабираше до степен граѓаните со денови да чекаат за КОВИД тестирање, а хронично болните и оние со тешки болести не можат да добијат елементарна здравствена заштита затоа што здравствените власти не знаат да менаџираат со кризата. Арогантноста, мангуплакот и ПР на Филипче не ја решаваат епидемијата. Народот нема никаква корист. Филипче и Заев ја водат Македонија кон пропаст, кон ломбардиско сценарио, а народот тоа го плаќа со своето здравје и своите животи, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани вести