УХМР со предупредување: Во овие делови од денот не излегувајте од дома!

Времето утре ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. Попладне претежно во северните делови ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи.

Во сабота времето ќе бие сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне и кон крајот на денот ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Во недела времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, чести електрични празнења, силен ветер и услови за појава на град.

Во понеделник времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, чести електрични празнења, силен ветер и услови за појава на град.

УХМР објави и актуелно предупредување за денеска.

Денес во попладневните и вечерните часови ќе има развој на локална нестабилност проследена со намалена видливост. Во северните делови ќе има услови за изолирана појава на пороен дожд, грмежи и засилен, повремено силен ветер (над 60 км/час) од променлив правец.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста