Учениците од Струга најавуваат уште помасовни протести

Повеќе од илјада средношколци и безмалку уште толку основци  во Струга и струшко ја бојкотираат наставатабидејќи не го подржуваат учењето на далечина. Тие и порачуваат на министерката Цароска дека доколку не ги врати во училишните клупи,револтот повторно ќе го прелеат на улица,овој пат со блокирање на сообраќајци и далеку помасовен протест од оној во четвртокот,кога стартуваше новата учебна година.Наставата ја бојкотираат учениците кои следат настава на албански јазик во двојазичното средно стручно училиште “Нико Нестор “ со 67 паралелки и гимназијата “Ибраим Темо” каде во 41 паралелка учат на три јазици.

Директорите на двете училиштата тврдат дека наставниците од првиот ден на своите работни места подготвени чекале учениците да се укучат на националната платформа за онлајн учење, но на протестот имаше и професори кои ги снимаа децата следејќи го се ‘ до општинската зграда каде учениците говореа. Еден од присутните професори,не ни дозволи да ги анкетираме учениците,ни се обрати со зборовите:”Зошто ги терате децата да зборуваат на македонски, научете вие албански јазик”. Ова ги подгрева сомнежите дали однапред подготвените говори учениците го пишувале сами ?

”Ова не е политички протест ниту партиски митинг за затворање на најголемот злосторство што му се прави на еден народ, запирање на образованието.Јас ќе зборувам за еден мој сон што треба сите ние и нашите родители да го сонуваме,да имаме еднакви услови за еден ден ова место,Струга, Кичево Дебар,цела Македонија,цел Балкан да биде како Европа.Еден ден јас и вие ќе бидеме едуцирани и ќе правиме нешто за нашата држава.Учителите сега се затворени не смеат да излезат бидејќи трпат закани,а јас сакам да се бориме за една подобра Струга.Нашите политичари изгледа не сакаат да сме образовани,но  ние сме надежот на иднината” – велат средношколците.

Директорката на “ Ибраим Темо” Бесиме Јонузи не сакаше да ги коментира говорите на учениците, таа кажа дека уште на почетокот на септември испратиле допис до ресорното министерство со кој бараат албанските, турските паралеки и паралелките од прва година на македонски јазик да следат настава со физички присуство, но одговор сеуште не добиле.Сепак потврди дека училниците го подготвиле за физичко следење на наставата.  

Дел од наставниците од “Нико Нестор ” велат дека во сите кабинети во ова ова учлиште нема компјутери и оти се принудени да носат лаптоп компјутери од дома.Дополнуваат дека има услови за физичко следење на наставата кај оние насоки каде има по 10-тина ученици,како угостителската, текстилната, хемиско-технолошката,градежно-геодетската,но за такво нешто од-како што велат, за нив непознати причини немаат дозола до министерството за образовнание. Во двете средни ичилишта непосредно пред почетокот на учевната година е псотавен интернет.

Росица Голабоска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста