Трипуновски: Рекорден трговски дефицит во 2023 година во износ од 436 милиони евра

Трипуновски: Рекорден трговски дефицит во 2023 година во износ од 436 милиони евра

Негрижата, за македонските земјоделци, и целосно погрешните земјоделски политики на СДСМ, ги натера земјоделците да го напуштат полето, а со тоа, македонските граѓани, да јадат увозни земјоделски производи, а Македонија, од земја извозник, стана земја увозник на храна.

Дополнителниот заменик министер за земјоделство Цветан Трипуновски, преку фејсбук објава, извести, за рекорден трговски дефицит, во 2023-та година, за земјоделско-прехрамбени производи, во висина, од 436 милиони евра.

„СДСМ, го уништува македонското земјоделство, вели Трипуновки во објавата, и додава, дека – земјоделците ќе имаат вистински партнер, во новата влада на ВМРО ДПМНЕ“.

Заедно ќе го вратиме македонското земјоделство, во онаа препознатлива состојба, а Македонија, повторно, ќе биде земја извозник на храна, порача Трипуновски.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста