Тренчевска контра жртвите: Институциите постапувале по протоколи, ама не кажува дека тоа не се протоколи за семејно насилство

Тренчевска контра жртвите: Институциите постапувале по протоколи, ама не кажува дека тоа не се протоколи за семејно насилство

Предомислувани, заплашувани, ревиктимизирани. Жртвите на семејно насилство конечно собраа храброст пред камерата на Телевизија Алфа  да сведочат за голготата која ја минуваат низ институциите.

-Се обидуваа со нивни зборови да ми ја преиначат приказната. „Па вие не изгледате толку потресено. Зошто дојдовте? Да не лажете малку?“, сведочи Љупка Мачкова.

-Секое одење таму беше со напад, ти зошто пријавуваш, што сакаш да постигнеш? Се соочуваш со еден вид на прикриени закани, вели Ирена Димоска.

Министерката Јована Тренчевска контра тврдењата на жртвите, ги правда институциите, постапувале според протоколи. А случајот на битолчанката Ирена не продолжил преку центрите за социјална работа затоа што таа си ангажирала приватен адвокат.

-И разговорите и со неа и со сторителот на насилство се направенио. Центарот согласно протоколот кој што постои за постапување постапил по ова, се правда Тренчевска.

Тренчевска не спомнува дека социјалните служби овие случаи наместо како семејно насилство, многу често ги третираат како нарушени брачни односи. Ова според познавачите, е најголемото зло и неправда која институциите им ја нанесуваат на жртвите.

-Во таа ситуација практичарите од центарот за социјална работа ја примениваат методологијата која се практикува во одделението за брак и семејство во насока на помирување на брачните партнери и зачувување на семејството. Не само што жената нема да ја добие потребната помош и поддршка туку истовремено се трауматизира и се ревиктимизира од страна на самата институција со тоа што практично им се префрла вина за семејното насилство, објаснуа Стојан Мишев од невладината ЕСЕ.

Мишев објаснува дека за оваа практика во два наврати апелирале до МТСП, но до сега не добиле повратен одговор, ниту пак имаат информации дека престанала ваквата негативна пракса.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста