ТИМ ГО СИМНА ФЕДЕРЕР ОД 3.МЕСТО НА АТП, ЃОКОВИЌ И НАТАМУ НА ВРВОТ

Со бодовите кои ги доби по победата на УС Опен Доминик Тим се искачи на третото место на АТП листа кое досега му припаѓаше на Роџер Федерер. Австрискиот тенисер славеше во интересен и драматичен меч во машкото финале на Грен слемот во Њујорк кое беше решено по игра во пет сета. Тим стана првиот тенисер во историјата на ова натпрверување кој  успеал по негатива од два сета да се врати и да ја освои титулата. Што се однесува до најновата АТП листа таму и покрај диквалификацијата најдобар светски рекет останува Новак Ѓоковиќ кој сега е 256 недела на врвот со што се израмни со легендарниот Пит Сампрас. Второто место го задржа Рафаел Надал а во ТОП 10 се уште и : Данил Медведев, Стефанос Циципас, Алекдандер Зверев, Матео Беретини, Гаел Монфис и Роберто Баутиста Агут.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста